Употребата на парите е нешто што е дел од нашиот секојдневен живот.
Започнува со џепарлак кога сте млад/а, продолжува со школски стипендии, па плата кога ќе се вработите, а потоа се претвора во различни инвестиции.
Дали знаете како одговорно да управувате со парите?
Вашиот месечен џепарлак или парите што баба ви ви ги дава за добрите оценки би можеле брзо да се соберат. Баш затоа е важно барем малку да ги планирате вашите трошења!
На училиште се запознавате со некои работи за управувањето со пари кога учите за светот околу нас и за домашната економија, но за жал тоа не е доволно. Финансиската писменост не е спомната во наставната програма бидејќи концептот е релативно нов.
Секоја година на крајот на месец март, финансиските институции низ светот ја слават Светската недела на парите.
Годинава, како и претходните, Банката на Словенија (Банка Словенија) нуди кратки онлајн лекции на тема финансиска писменост.
Интересот на децата и младите секоја година се зголемува, што значи дека се зголемува и свеста за важноста на оваа тема.
Банка на Словенија
Банката на Словенија понуди „банкарски час“ за учениците од повисоките одделенија во основно училиште, како и за средношколците, каде младите можат да научат малку повеќе за работата на банката – за личните финансии и за современите начини на плаќање.
Доколку ве интересираат финансиите – посетете го Музејот на Банката на Словенија.
Наменет е за сите оние кои се љубопитни и би сакале да дознаат повеќе за работењето на централната банка. Можете да ги видите сите банкноти и монети коишто Словенците ги носеле во своите паричници од осамостојувањето на Словенија.
Дали знаевте дека можете дури и да аплицирате за учење во училиште за финансии? Таму ве учат сè за парите – од заштеда на вашиот неделен џепарлак до купување на вашиот прв автомобил!
Аспекти што треба да се разгледаат
- Како често добивате џепарлак?
- Колку брзо го трошите?
- Дали дома имате некаква заштеда?
***
Оригиналната верзија на ова статија беше објавена на 22 март 2023.