Дали некогаш се споредувате со онлајн инфлуенсерите?
Идеалите за убавина многу се променија со текот на историјата. Денес, особено кај младите, идеалите за убавина во голема мера ги одредуваат медиумите и социјалните мрежи.
Во својата желба да бидат како онлајн инфлуенсерите, младите девојки прибегнуваат кон слабеење, строги диететски ограничувања, прекумерно вежбање, па дури и естетска хируршки зафати.
Козметичката хирургија стана сè попопуларна и подостапна во последниве години.
Самопочитта е од клучно значење. Фото: Роберт Кнешке / Dreamstime
Посебно младите девојки и жени се под многу силно влијание, особено оние кои сè уште не развиле целосно сопствена претстава за себе.
„ Расте побарувачката за естетски зафати “, тврди др. Војко Дидановиќ, максилофацијален хирург и оториноларинголог.
Младите повеќе не го живеат својот живот во својата средина, туку го копираат животот на инфлуенсерите кои ги запознаваат на различни екрани по социјалните мрежи.
Војко Дидановиќ
Притоа, тој предупредува дека тие најчесто забораваат дека камерите на телефонот се дизајнирани во голема мера да ги менуваат контурите на лицето – на пример да ги нагласат јаготките или да ги зголемат усните.
Така, идеалите за убавина што младите ги восприемаат и втемелуваат како реални всушност се неприродни.
Војко Дидановиќ
Естетската хирургија дефинитивно се занимава со убавината на телото, но не ја занемарува важноста на функцијата на телото, објаснува докторот.
Ова е особено важно за младите во периодот на нивниот раст и развој. Ова е време кога облиците на телото можат многу брзо да се променат.
Не заборавајте дека секој хируршки зафат доведува до воспаление и лузни коишто би можеле значително да го нарушат растот и развојот.
Поради оваа причина, советуваме да не се прават непотребни зафати кај младите, туку да се почека додека тие целосно физички не се развијат.
Војко Дидановиќ
Зафати треба да се прават само за да се подобри функционалноста на одреден дел од телото.
Аспекти што треба да се земат предвид
- Дали некогаш се споредувате со некои инфлуенсери?
- Зошто ова може да биде опасно?
- Дали се согласувате со изјавата дека убавината лежи во нашата разлика ?
***
Оригиналната верзија на овој напис беше објавена на 12 јули.