Časoris
Problematična je predvsem plastika za enkratno uporabo. Foto: Pradip Paswan/Wikimedia Commons/CC BY-SA 4.0
Problematična je predvsem plastika za enkratno uporabo. Foto: Pradip Paswan/Wikimedia Commons/CC BY-SA 4.0

Риба-робот што собира микропластика

Проблемите нѐ поттикнуваат да наоѓаме имагинативни решенија!

Откако почнавме да се соочуваме со проблемите предизвикани од загадувањето на животната средина, истражувачите ширум светот се обидуваат да смислат нови начини за справување со истото.

Микропластиката е особено проблематична бидејќи е толку мала што може да влезе во сè, дури и во нашите тела.

Поради малите димензии, следењето на количествата микропластика во околината е исклучително тешка задача.

Така, истражувачите тестираат различни габи, бактерии, па дури и инсекти за да ја разградат микропластиката – некои успешно, а некои не.

Еден истражувачки тим од Кина создаде мала риба-робот што собира микропластика од водата.

Долга е 13 милиметри и може самостојно да се движи со брзина од околу 30 милиметри во секунда.

Изработена е од специјален материјал којшто е еластичен, флексибилен и многу издржлив. Дури е способна и самата да се поправи доколку се оштети, што е добро во понемирни води.

Пронаоѓачите ја добиле идејата за материјалот од бисерните слоеви во внатрешноста на школките. Материјалот има посебна особеност којашто ги лепи честичките микропластика.

Откако рибата-робот ќе собере микропластика во водата, истражувачите можат дополнително да го истражат нејзиниот состав и влијание врз луѓето.


Јујан Ванг, истражувач кој ја водел студијата

Нејзината главна цел не е да ја отстранува микропластиката од водата бидејќи е премногу мала.

Наместо тоа ќе им помогне на истражувачите да го следат количеството микропластика во океанот.

Two Erasmus+ logos and disclaimer

Создавањето риба-робот сѐ уште е во многу рана фаза.

Во моментов, може да плива само на површината на водата, па истражувачите мора да развијат систем за да може да плива и во длабочина.

Аспекти што треба да се разгледаат

  1. Зошто пластиката е проблематична?
  2. Дали вие имате предлози како да се справите со микропластиката?
  3. Колку време е потребно за да се распадне пластиката?

***

Оригиналната верзија на оваа статија е објавена на 20 октомври 2022 година.

Dora

Adamič je magistra molekularne biologije, ki rada potuje po svetu in približuje znanost najmlajšim.

Rebecca

Svetina is an English translator, EFL educator, and graphic designer. She is an American who has lived in Slovenia since 2008. She loves hiking and traveling with her family.

Vprašanje tedna

Podprite Časoris

Pomagajte nam ohraniti Časoris.
Brez vas ni nas.

SMS

Pošljite sms Casoris5 na 1919 in darujte 5 evrov.

ali

SMS

Pomagate nam lahko tudi na druge načine: z rednim mesečnim nakazilom, z bančno kartico ali prek PayPala.