Колку пати неделно земате пенкало да пишувате? А, колку пати седнувате да работите на тастатура?
Во изминатата година многу поретко се користел ракопис од порано. Поголемиот дел од училишните задачи децата ги извршуваат со помош на глувче и тастатура.
Затоа Неделата на ракописот е уште попосебна оваа година.
Важно е учениците постојано да се потсетуваат на нивните индивидуални способности, вештини и знаења, вели Рената Керн, координаторка на Неделата на ракописот за 2021 година, во рамки на ОУ “Шмартно под Шмарно Горо” (OŠ Šmartno pod Šmarno goro).
Пишувањето со рака нѐ принудува ментално да се концентрираме, да истраеме и да создадеме нешто свое.
Рената Керн
Пишувањето букви претставува и цртање линии, и не е само средство за комуникација или, пак, само потреба да се научи како да се пишува. Работата со свои раце ги исполнува луѓето. Затоа поддржувам различни облици на креативна работа, особено во овие времиња – онаа работа што е далеку од екраните, нагласува координаторката.
Основното училиште “Летоња Братов” во Шмартно на Пака (OŠ bratov Letonja Šmartno ob Paki), исто така учествува во Неделата на ракопис. Мојца А. Јурас, професорка по словенечки јазик, забележала дека оваа вештина полека исчезнува. Таа објаснува дека тоа ја прави тажна бидејќи пишувањето е нешто како личен потпис на една личност.
Таа е убедена дека на часовите по словенечки јазик треба да се користи рачно пишување.
Секогаш се трудам да оценувам и за ракопис. Се трудам да ги научам децата дека напишаното мора да биде читливо и, на крај, но не и најмалку важно, треба да биде што е можно поубаво
Мојца А. Јурас
Еднаш неделно на децата им дава задача што треба да ја напишат рачно, а потоа децата ја фотографираат својата работа и ја испраќаат na проверка. Некои истражувања покажуваат дека пишувањето влијае врз мозокот и развојот.
Во месец ноември ова основно училиште го започна проектот Пишуваме пријателски писма (We Write Friendly Letters), при што беа испратени 500 писма. Сега ова прераснува во меѓугенерациско допишување.
Прашања за разговор
- Кога подобро го запомнувате материјалот – кога го пишувате рачно или кога го пишувате на компјутер
- Знаете ли да пишувате ракописно?
- Дали ракописот целосно ќе исчезне во иднина?
***
Оригиналната верзија на овој напис е објавена на 21 јануари 2019 година, a e ажурирана на 31 март 2023 година.