Можете ли да препознаете теорија на заговор?
На пример, што мислите за тезата дека вонземјаните им кажуваат на политичарите како да постапуваат? Или пак дека Елвис е жив? Или пак дека белите линии на синото небо ги трујат живите суштества?
Теориите на заговор, како и лажните вести, го поделуваат општеството и ја зголемуваат недовербата.
Вработените во УНЕСКО, водечката организација на Обединетите нации којашто ја промовира медиумската писменост, подготвија насоки за тоа како да се препознаат истите и како да разговараат со оние кои веруваат во нив, вели Барбара Урбанија од словенечката канцеларија за УНЕСКО, која беше задолжена за превод на насоките заедно со организацијата Мост.
Зошто решивте да ги преведете пораките?
Лажните вести и теориите на заговор се голема закана за демократијата и можат да предизвикаат вистинска штета на луѓето.
Многу луѓе веруваат во теории на заговор. Дури 60 отсто од Американците веруваат во барем една теорија на заговор; Истото го покажуваат и анкетите во Словенија.
Оние кои биле подучувани за тоа што се теории на заговор и како да ги препознаат се многу помалку подложни на истите.
Затоа, УНЕСКО и Европската комисија се здружија со група експерти и заеднички подготвија едукативни постери коишто сега се достапни и на словенечки јазик.
Како теориите на заговор се поврзани со медиумската писменост?
Лицата кои се медиумски пописмени разбираат како функционираат механизмите на теоријата на заговор и помали се шансите да паднат во нивната замка.
Младите се интересираат за теории на заговор на околу 14-годишна возраст, па затоа треба навреме да се подучуваат како да реагираат на таквите.
Како му се обраќате на некој што верува во некоја теорија на
заговор?
Во разговорот пред сѐ мора да бидеме сочувствителни и никогаш да не се потсмеваме.
Но, можеме да го ислушаме и да му поставуваме детални прашања, за да може самото лице да размисли дали неговите аргументи навистина имаат смисла.
Аспекти што треба да се земат предвид
- Дали знаете некој кој верува во теории на заговор?
- Можете ли да разговарате со него/неа за нив?
- Како си помагате кога сакате да препознаете некоја теорија на заговор?
***
Оригиналната верзија на овој напис беше објавена на 1 јули.