Вештачката интелигенција многу напредуваше во последно време
Ова се гледа во исклучително способните чет-ботови како што е ChatGPT .
Можете да разговарате со вештачката интелигенција преку пишување, на ист начин како и со другите луѓе, објаснува д-р Теа Тушар од Институтот Јожеф Стефан.
ВИ може да одговара на прашања, да пишува нови текстови, па дури и нови песни.
Затоа наставниците се плашат дека роботите ќе ја вршат домашната задача наместо учениците.
Теа Тушар
На училиште не е дозволено копирање туѓи текстови – дури и оние напишани од роботи.
Но, тоа не значи дека вештачката интелигенција не може да се користи како битен ресурс за учење.
Вештачката интелигенција може да поставува математички проблеми или прашања по историја, така што делува како роботски соученик што ви помага да се подготвите за некој тест, додава таа.
ВИ треба да се користи внимателно бидејќи понекогаш генерира дезинформации. Не знае сè и познато е дека само ги надополнува информациите што недостасуваат.
Сè што ќе срече треба да се земе со резерва и фактите треба секогаш да се проверуваат. Исто така вообичаени се и граматички грешки во текстовите, особено со словенечкиот јазик којшто е сè уште Ѝ е недоволно познат на вештачката интелигенција.
Теа Тушар
Ваквите измислици и грешки не се намерни или злонамерни.
ВИ нема своја волја и сама по себе не е ниту добра ниту лоша.
Таа само ги имитира луѓето и нашиот начин на изразување.
Таа го знае тоа што научила од огромното количество содржини направени од луѓе.
Тие се обидуваат да ја приспособат на потребите и на желбите на луѓето за да не ни наштети.
Четботот нема да ви ги даде упатства за изработка на оружје, иако ги знае. Исто така, избегнува одредени шеги и навредливи теми.
Што ќе ни донесе вештачката интелигенција?
Според д-р Теа Тушар, ова е тешко да се предвиди.
„Веројатно повеќе добро отколку лошо – слично на она што се случи со другите технологии“.
Клучни сспекти што треба да земат предвид
- Што мислите, што ќе донесе вештачката интелигенција?
- Кои начини на користење на истата ви се познати?
- Дали ВИ треба да се озакони?
***
Оригиналната верзија на овој напис беше објавена на 17 јули.